Во Куманово првото бебе машко

01.01.2013 12:53 | KumanovoNews

 Во Кумановската болница, првото бебе се роди утринава во 5.15 часот . Бебето е тешко 3.900 грама и долго 51 сантиметар.

Во Куманово првото бебе машко

На свет го донесе Стефанија Тасевска (23) од Куманово.

Пресреќна сум, затоа што ми е прво дете. Најверојатно ќе се вика Андре, но кумот ќе го има последниот збор. Едвај чекам да си заминеме дома. Сите од семејството со нетрпение го очекуваат пристигнувањето на новиот член.- вели мајката.

Традиционалано, денеска, гинеколошкото одделение го посети градоначалникот Зоран Дамјановски, кој врачи подароци на мајката и бебето.

И оваа година ја продолжуваме традицијата и го посетуваме првороденото бебе, нашиот нов сограѓанин, на кој врачиме златник. Им посакувам здравје и среќа на мајката и детето- изјави градоначалникот.

Подароци донесе и директорот на кумановската болница Ариф Љатифи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk