Во Куманово првото бебе машко, се роди на 2 јануари

03.01.2022 12:11 | Сузана Николиќ

Првото бебе во 2022 година  се роди вчера попладне на гинеколошко- акушерското одделение во Општа болница Куманово. 

Во Куманово првото бебе машко, се роди на 2 јануари

Бебето е машко и се роди во 16.55 часот. Се работи за 4 дете во семејството Синани, кое има три девојчиња.

Бебето и мајката ги посети делегација од Општина Куманово и Кумановската болница, кои однесоа подароци на мајката и бебето.

Во 2021 година во Куманово се родиле 933 бебиња.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk