Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Женско е првото беше што се роди во 2020 година на гинеколошко-акушерското одделение во Општата болница Куманово.
Бебето е родено во 1.35 минути по полноќ, тешко е 3.790 грама и долго 52 сантиметри. На свет го донесе Соња Спасовска од Куманово.
„Бебето е здраво. Втора рожба на мајката и се работи за спонтано породување. Мирна ноќа на оддeлението. Утринава е родена уште едно машко бебе. Се надевам дека на овој оддел во 2020 година ќе има повеќе работа, бидејќи ова е единственото место каде се доаѓа за убави работи“, - изјави Снежана Захариева, директорката на Општата болница Куманово
Традиционално, претставници од Општина Куманово и Болницата ја посетија мајката и детето и им врачија подароци.
„И честитам на мајката. Им посакувам многу здравје на бебето и на родителите, да уживаат со новиот член на семејството “, - изјави секретарот на Општина Куманово, Десанка Стошевска, која им ги честиташе празниците на сите вработени во Кумановската болница и на граѓаните.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk