Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Куманово се родени 353 деца во третиот квартал од 2015 година, стои во извештајот за природното движење на населението од Државниот завод за статистика.
Во третото тромесечје во општина Липково се родени 104 деца, а во општина Старо Нагоричане 7 новороденчиња. И во општина Ранковце за овој период се родиле 7 деца, во Крива Паланка 41, а во Кратово 20 деца.
На ниво на држава бројот на родени деца во однос на истиот период лани е намален за 3.3 отсто или 6081 дете.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk