Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Отсекот за превенција на СВР Куманово, Општинската организација на Црвениот крст и Брза помош, денеска организираа показна вежба за правилно укажување на прва помош, по повод Светскиот ден на прва помош.
Волонтери на Црвениот крст симулираа незгоди на повредени лица од тврд предмет, сообраќајна незгода или повреда од пожар, додека полицијата стопираше возачи по случаен избор, или минувачи кои се вклучија во вежбата и симулираа давање на прва помош со асистенција на волонтерите.
Показната вежба имаше за цел да ги натераат граѓаните да го освежат знаењата за пружање на прва помош.
„Се работи за неколку повреди – отворена скршеница на подлактица, обилно крварење и повреда на скочен зглоб, што се најчестите повреди кои се случуваат. Волонтерите ќе им демострираат на возачите како да се справат со нив“, изјави Никол Ѓорѓевска, волонтер на Црвениот Крст.
Укажувањето на прва помош е многу значајно и може да биде пресудна во спасувањето на повредените.
„Со правилно укажување на прва помош може само да им помогнеме на пациентите до доаѓањето на итната помош. Ги подржуваме овие акции, секоја чест на овие млади луѓе, ентузијасти кои покажуваат одлична способност за укажување на прва помош“, истакна д-р Мирјана Прокоповска од тимот на Брза помош.
Во сабота волонтерите од Куманово ќе заминат во Битола, каде ќе се одржи конвенција. Во рамките на одбележување на Светскиот ден на прва помош започнува кампања во која ќе бидат опфатени 2500 ученици, од основно и средно образование, за обука на давање на прва помош. Кампањата ќе ја спроведуваат обучени волонтери и тренер за прва помош.
О. Пешевска
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk