Во Куманово се раѓаат повеќе бебиња

15.01.2013 12:56 | KumanovoNews

 Од гинеколошко - акушерското одделение во Општа болница Куманово објаснуваат дека последниве неколку години има порaст на бројката на новородени бебиња.

Во Куманово се раѓаат повеќе бебиња

Во 2011 се родени 1562 деца, а лани имало 1637 новороденчиња.  Породувањата се претежно по природен пат, само 11 отсто од жените се породени со царски рез. Ме радува фактот што има млади мајки. Последниве години имаме повеќе работа и зголемена е бројката на новородени бебиња - вели Нисо Тасев, началник на гинеколошко - акушерско одделение.

 Во 2007 година се родени 1562 деца, а во 2009 имало 1663 новороденчиња, во 2010 се родиле 1626 деца.

Мал дел од родилките се од Крива Паланка и Кратово. Жителите на овие две општини честопати заради медицински услуги доаѓаат во Општа болница Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk