Во Куманово сеуште трае епидемија на морбили

18.03.2011 15:21 | KumanovoNews

 Во Куманово повеќе од шест месеци трае епидемијата на мали сипаници, каде над сто деца се заболени од оваа заразна болест.

Во Куманово сеуште трае епидемија на морбили

Најголема причина за епидемијата е постоењето на нерегистрирани и невакцинирани лица во населбите  Средорек, Перо Чичо и Бавчи, каде што живее претежно ромско население.

Изненадува фактот што родителите многу малку се интересираат за заштита од оваа болеста, која  не е лесна и предизвикува доста компликации, и покрај наредбата на Министерството за здравство да се вакцинираат сите невакцинирани лица. Благодарение на вакцината болеста  беше сведена на поединечни случаи во земјата за разлика од порано кога болеста завршувала фатално. Вакцината МРП е против три болести и тоа заушки, црвенка и мали сипаници и дава сосема солидна заштита и со една доза, а да биде детето посигурно заштитено се дава вакцината во две дози кои штитат речиси стопроцентно- вели доктор Предраг Георгиевски, епидемиолог во Заводот за здравствена заштита.

Затоа од заводот  ги повикуваат граѓаните да ги донесат своите деца на вакцинација заради ставање под контрола на болеста.Помладите  до 18 години се вакцинираат со МРП во пунктовите за имунизација во Детскиот диспанзер во Уред и Тоде Мендол, а постарите до 40 години во хигиено епидемиолошката служба во болница. Вакцините се докажано безбедни и се даваат бесплатно. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk