Во Куманово силниот ветер корнеше дрвја

25.09.2018 08:21 | KumanovoNews

Големото невреме, проследено со силен ветар, што вчера попладне го зафати Куманово, откорна неколку дрвја и кршeше стебла и гранки во градот и приградските населби.

Во Куманово силниот ветер корнеше дрвја

Според информации од ЈП „Чистота и зеленило“, дрва се откорнати на три локации, на Градскиот плоштад, во дворот на градинката во Трговскиот центар и во дворот на Основното училиште „11 Октомври“.

- Наши екипи уште во текот на денот излегоа на терен и ги отстранија стеблата и гранките, - изјави директорот Даниел Стојчевски.

  Од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), информираат дека невремето траело од 13 до 18 часот, а ветерот дувал со силина од 70 до 90 м/с, поради што предизвикал оштетувања на нисконапонската мрежа во селата во Општина Старо Нагоричане, како и во дел од селата во кумановско и липковско.

Без електрична  енергија во  моментот се селата: Биљановце, Пчиња, Краста, Студена Бара, Романовце, Агино Село, Доброшане, Проевце, Зелен  Рид и Шупли Камен.

Како последица на невремето вчера биле предизвикани 10 поситни пожари на сува трева и стрништа во селата: Младо Нагоричане, Жеглање, Ајдучка Чешма, населба Карпош, Коинце, Бабин Дол, Романовце и др.

Во невремето нема оштетувања на возила и објекти.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk