Во Куманово три случаи со ХИВ/СИДА за седум месеци

08.08.2014 13:12 | KumanovoNews

Од почетокот на годинава во Куманово се регистрирани три нови случаи инфицирани од ХИВ/ СИДА.

Во Куманово три случаи со ХИВ/СИДА за седум месеци

Од нив две лица се ХИВ позитивни, а едно е заболено од СИДА. Куманово е веднаш зад Скопје, каде има 16 новозаболени лица, а вкупно во државата се евидентирани 26 случаи.

Од Институтот за јавно здравје велат дека оваа година има поместување на старосната граница и таа се движи од 20 до 29 години, а во најголем број случаи е пренесен од машко на машко, преку хетеросексуален однос.

За прв пат досега нема случај да се пренесе ХИВ кај лица кои инјектираат дрога, а  последниве три години нема случај на пренесување на вирусот од мајка на бебе.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk