Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во изминатите 24 часа регистрирани се 19 нови случаи, а направени се 2.456 тестирања, соопшти Министерството за здравство.
Новозаболени се регистрирани во: Скопје – 5, Куманово – 3, Гостивар, Кочани и Демир Хисар – по 2, Прилеп, Тетово, Кичево, Гевгелија и Неготино – по 1.
Шестмина починаа по компликации од ковид-19. Пријавени се 2 починати лица од Скопје (69 и 83) и по едно лице од Радовиш (52), Тетово (77), Кичево (74) и Струмица (80). Од пријавените, 2 лица се починати во домашни, а останатите 4 во болнички услови.
Регистрирани се 26 оздравени пациент од: Скопје – 8, Куманово – 4, Радовиш и Кратово – по 3, Штип – 2, Гостивар, Кочани, Прилеп, Свети Николе, Пробиштип и Македонска Каменица – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 804.728 тестирања на ковид-19.
Вкупно ковид дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата сеа 155.364, оздравени се 148.872, починаа 5.435, а активни случаи се 1.057.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 68548, Активни 439
Куманово 8838, Активни 107
Прилеп 8307, Активни 57
Тетово 7217, Активни 45
Битола 6295, Активни 51.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk