Во Куманово тројца починати, 23 новозаболени и 37 оздравени од коронавирус

18.12.2020 07:40 | KumanovoNews

Во Центрот за јавно здравје во Куманово, вчера се регистрирани три починати пациенти, 23 новозаболени и 37 оздравени од коронавирус.

Во Куманово тројца починати, 23 новозаболени и 37 оздравени од коронавирус

На ниво на државата во последните 24 часа од ковид-19 починаа 31 пациент, а од 2.347 тестирања, регистрирани се 657 нови случаи на ковид-19.

Министерството за здравство соопшти дека починати се 10 десет пациенти од Скопје (93, 79, 73, 76, 69, 40, 84, 70, 61, и 88), тројца од Куманово (57, 74 и 81), еден од Дебар (81), пет од Прилеп (55, 58, 78, 70 и 56), двајца од Тетово (59 и 81), еден пациент од Струга (75), еден од Охрид (47), еден од Кавадарци (51), тројца од Гостивар (60, 75 и 68), двајца од Струмица (72 и 83), еден од Крушево (76) и еден пациент од Делчево (65). Од нив тројца пациенти се починати вон, останатите во болнички услови.

Новите случаи се регистрирани во: Скопје-323, Куманово-23, Штип-8, Прилеп-38, Тетово-19, Струга-15, Велес-22, Битола-36, Охрид-28, Кавадарци-25, Гостивар-17, Гевгелија-6, Струмица-13, Крива Паланка-6, Радовиш-10, Кочани-12, Пробиштип-4, Македонски Брод-4, Пехчево –1, Берово-7, Валандово-5, Виница-2, Делчево-7, Кратово-1, Свети Николе-4, Кичево-5, Ресен-5, Неготино-11.

На Инфективните оддели во Скопје и во болниците се лекуваат 1.275 пациенти и има околу 230 празни болнички кревети во Ковид-центрите.

Институтот за јавно здравје регистрира 920 оздравени пациенти од: Скопје-349, Куманово-37, Дебар-8, Штип-29, Прилеп-70, Тетово-29, Струга-60, Велес-37, Битола-36, Охрид-28, Кавадарци-36, Гостивар-45, Гевгелија-5, Струмица-18, Крива Паланка-3, Радовиш-9, Крушево-1, Кочани-13, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Пехчево-4, Берово-9, Валандово-2, Виница-4, Делчево-24, Кратово-3, Свети Николе-10, Кичево-20, Ресен-9 и Неготино-14.

Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата се 76.251, оздравеа 52.413, починаа 2.225, а активни случаи се 21.613.

Од вчера се евидентираат три контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 32962, активни 11527

• Куманово 4374, активни 600

• Крива Паланка 542, активни 123

• Кратово 177, активни 25.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk