Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
А.К. (31) од Куманово пријавила дека синоќа околу 22.00 часот од ул. „Бранко Богдански Гуцман“, непознат сторител одзел ПМВ „БМВ“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на И.М. (33) од Битола.
По кажување на жената во предната фиока пред совозачкото седиште имало оставено 12.000 евра и 55.000 денари во разни апоени, сообраќајна дозвола од возилото и паричник на таткото на пријавителката.Истата вечер во 22.50 часот во Скопје на ул.„4-ти Јули“, од алфите сопрено е ПМВ „БМВ“ со исти регистарски ознаки како што пријавила А.К. , управувано од С.Т. (29) од Битола. Возилото и возачот се однесени во ПС-Ѓорче Петров за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk