Во Куманово уплатено лото-ливче со добивка од 100.000 евра

19.06.2017 10:39 | KumanovoNews

 Во Куманово е уплатено лото-ливче, чија добивка изнесува 6 милиони денари, извлечено во последното коло на наградната игра лото на Државната лотарија на Македонија.

Во Куманово уплатено лото-ливче со добивка од 100.000 евра

Уплатата е извршена на местото Кеопс, кое се наоѓа спроти Фондот за здравство во Куманово.

Среќниот добитник уплатил четири комбинации од по 20 денари и еден Џокер број од 20 денари со што вкупната уплата на играчот изнесува 100 денари. Добитна беше третата комбинација, а среќните броеви кои  донеле 100.000 евра се:  6, 10, 15, 20, 25, 30 и 34.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk