Во Куманово уште само 10 активни случаи на ковид-19

02.07.2021 19:15 | KumanovoNews

Од вкупно 8882 –ца заболени од ковид-19 во Куманово, активни се само уште 10 лица, а во денешната статистика на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје нема новозаболени.

Во Куманово уште само 10 активни случаи на ковид-19

Инаку, во последните 24 часа, направени се 2.723 тестирања, а регистрирани се 11 нови случаи на ковид-19: Скопје – 5, Тетово – 3, Битола , Берово и Пехчево – по 1.

Регистрирани се 4 оздравени пациенти од: Скопје  и Битола – по 2.

Пријавено е 1 починато лице од Македонски Брод (43) во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 884.593 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.700, бројката на оздравени пациенти е 150.067, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 147.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68674, Активни 63

Куманово 8882, Активни 10

Прилеп 8327, Активни 6

Тетово 7252, Активни 17.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk