Во Куманово утринава -2 степени

23.11.2016 07:45 | KumanovoNews

Минус 2 степени Целзиусови утринава се измерени во Куманово и Крива Паланка.

Во Куманово утринава -2 степени

Најладно било во Битола со -3 степени, во Тетово, Берово и Маврово минус еден, нула степени се измерени во Скопје Петровец, Демир Капија и Прилеп.

Во Лазарополе, Пожаране, Крушево и Штип еден степен над нулата, два степена во Ѓуриште, Скопје и Претор, три во Тополчани, Виница и  Охрид, четири во Дебар, пет степени во Струмица, осум во Гевгелија и девет степени во Дојран.

УХМР информира дека денеска претпладне во долините ќе се задржи магла која постепено ќе слабее. Ќе се намали и облачноста која сега ја има на југоисток Од пладневните часови ќе преовладува претежно сончево и тивко. Температурата ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.

Во Скопје претпладне со магла, а понекаде само со намалена видливост. Од пладневните часови че биде претежно сончево со слаб југоисточен ветер. Температурата до 10 степени.

До петок ќе продолжи периодот на сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност и со магла или намалена видливост по котлините.

За време на викендот ќе биде променливо облачно со повремен дожд, а условите за магла ќе се намалат. Во недела утринската температура ќе биде позитивна насекаде.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk