Во Куманово вчера се вакцинирале рекордни 1400 граѓани

11.05.2021 10:57 | KumanovoNews

 Во текот на вчерашниот ден во регионалниот пункт во Куманово се вакцинирале 1401 граѓанин од општините од Североисточниот регион. Од почетокот на масовната вакцинација до сега вакцинирани се вкупно 6505 граѓани.

Во Куманово вчера се вакцинирале рекордни 1400 граѓани

Директорот на Здравствен Дом Куманово, Фарук Алили изрази благодарност до медицинскиот персонал, кој успешно ја спроведува масовната вакцинација на граѓани не само од Куманово туку и од другите општини во Североисточниот регион Липково, Старo Нагоричанe, Крива Паланка, Кратово и Ранковци.

 „Рекорден број на вакцинирани во Куманово. 1401 вакцинирани во текот на денот и вкупно 6505 од почетокот на масовната вакцинација со вакцините АстраЗенека, Фајзер и Синофарм“, објави Алили.

Тој се заблагодари и на вработените во Брза Помош, Домашна посета, Ноќна амбуланта, Ковид лабораторијата и Техничка служба, кои на граѓаните им пружаат навремено и брза услуга.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk