Во Куманово видливостa од 50 до 100 метри

28.01.2016 09:24 | KumanovoNews

Поради магла во Куманово видливоста е намалена од 50 до 100 метри, информираат од Авто мото сојузот на Македонија.

Во Куманово видливостa од 50 до 100 метри

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по наместа  влажни коловози.  АМСМ  препорачува  исклучително  внимателно  возење,  прилагодена  брзина  на движење,  почитување  на  поставената  сообраќајна  сигнализација  и  планирање  на  патувањето  според временските  услови.  Посебно  внимание  е  потребно  на  делниците  кои  минуваат  низ  клисурите  и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово ­ Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот  на  сообраќај  на  патните  правци  надвор  од  градските  средини  е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk