Во Куманово викендов казнети 188 возачи, најмногу за брзо возење

03.07.2023 13:27 | Сузана Николиќ

При акциска контрола за откривање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, викендов на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 188 возачи.

Во Куманово викендов казнети 188 возачи, најмногу за брзо возење

Од нив 141 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 14 возеле под дејство на алкохол, 8 за управување возило без возачка дозвола, 5 за нерегистрирано возило и 20 мотоциклисти за неносење на заштитна кацига. 

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, соопштува МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk