Во Куманово вложивме 12 милиони евра за инфраструктурни проекти, кажа премиерот Мицковски

17.09.2025 18:44 | KumanovoNews

Околу 12 милиони евра вложила Владата во инфраструктурни проекти во Куманово, кажа премиерот Христијан Мицкоски, при денешната работна посета на Куманово. 

Во Куманово вложивме 12 милиони евра за инфраструктурни проекти, кажа премиерот Мицковски

„Од  централниот буџет, финансирани се проекти во вкупна вредност од 11 до 12 милиони евра овде во Куманово. Мислам дека е значајно, бидејќи досега такво нешто во општините не се случувало. Овие капитални инвестиции се токму во таа насока – да обезбедат подобар живот и подобри услови за живот на кумановци, како и на сите граѓани во Македонија. Повеќе за канализации, за асфалт, за патишта, булевари, за улици, за водовод итн. Така што, ние сме горди на тој проект, бидејќи со тој проект повеќе од 350-400 милиони евра ќе завршат во општините, вклучително со другите програми на министерствата“, кажа Мицкоски.

Премиерот потенцираше дека дел од проектите во општините што се финансирани преку унгарската кредитна линија веќе се отпочнати и завршени, дел се во тек на реализација, дел допрва ќе ја отпочнат, коишто ќе обезбедат подобри услови за живот на граѓаните. 

При денешната посета на Куманово, Мицкоски во придружба на градоначалникот Димитриевски, како и повеќе министри, пратеници и директори, беше во Индустриската зона Речица, каде се гради диструбитивниот центар на ЛИДЛ, а ја посети и компанијата БДА.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk