Во Куманово врие од кучиња скитници

27.08.2010 10:47 | KumanovoNews

Особено е опасно во ноќните часови, бидејќи тогаш одат во група и ги напаѓаат граѓаните, а особено млaдите што се враќаат од ноќeн живот. Во Општата болница Куманово, потврдуваат дека неделно интервенираат и по 5-6 пати.

Во Куманово врие од кучиња скитници

 Андреја Милановски (50) е искасан од куче скитник на улица додека продавал бостан во кумановската населба Зелен Рид.Инцидентот се случил пред два дена во 22.30 часот, кога на Милановски од зад грб му се прикрало кучето и го фатило за подколеницата и му нанело тешка повреда.

Не ме лаеше ниту го видов дека ми се приближи. Само оддеднаш ме фати за нога. Среќа што бев присебен и не дозволив да ме турне на земја, инаку ќе ме искасаше по целото тело. Се нафрлуваше на мене, но успеав некако да одбранам - вели Милановски.

Тој кажува дека во населбата постојано шетаат глутници кучиња скитници. Особено е опасно во ноќните часови, бидејќи тогаш одат во група и ги напаѓаат граѓаните, а особено малдите што се враќаат од ноќниот живот. Во Општата болница Куманово, потврдуваат дека неделно интервенираат и по 5-6 пати.

„По наша проценка во Куманово има околу 1000 кучиња и за жал ние тешко се справува со оваа појава. Во изминатите шест месеци ангажиравме фирма која улови 160 кучиња скитници, но тоа не е доволно и затоа сега постојано ќе ангажиравме фирма која ќе ги собира кучињата. Истовремено работиме и на проектот за отварање на стационар во земјоделското училиште „Киро Бурназ„ во селото Долно Којнаре - вели градоначалникот Зоран Дамјановски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk