Во Куманово втор ден нема новозаболени само оздравени од коронавирус

05.05.2020 12:11 | KumanovoNews

 Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 21 оздравен пациент во: Скопје-8, Куманово-6, Штип-1, Прилеп-2, Тетово-1, Велес-1, Кочани-1 и Македонски Брод-1.

Во Куманово втор ден нема новозаболени само оздравени од коронавирус

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Тетово на возраст од 59 години која 15 дена била во тешка состојба и на респираторна машина.

Во изминатите 24 часа направени се 185 тестирања, а потврдени се 8 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-3, Битола-1, Велес-4.

Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1526 , бројката на оздравени пациенти е 1013, на починати е 86, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 427.

Последната дистрибуција по градови е следна:

  Скопје – 515

    Куманово – 401

    Дебар – 51

    Штип-34

    Прилеп –159

    Тетово – 90

    Струга – 67

    Велес – 81

    Битола –19

    Охрид –15

    Кавадарци – 5

    Гостивар –17

    Гевгелија – 4

    Струмица – 2

    Крива Паланка-5

    Радовиш – 4

    Крушево – 3

    Кочани – 31

    Пробиштип – 2

    Кичево – 2

    Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Демир Хисар – 1

    Македонски Брод -2

    Пехчево- 2

    Делчево-1

    Валандово -1

    Виница – 2

    Кратово-1

Направените 185 теста се преку: ИЈЗ –79, Ветеринарен ф-тет -3 , Авицена –9, Биотек -33, Филип Втори (Жан Митрев) –27, Систина со PCR метода  -17 и МАНУ -17.  Досега во земјата се направени вкупно 17.544 тестирања на КОВИД-19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 11 нови пациенти, осум од нив се префрлени од ГОБ „8 септември“, а вкупно хоспитализирани 41. На кислородна поддршка се 19 пациенти, а на механичка вентилација 1.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се четири нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 14. На респираторна машина се три пациенти, а уште четири се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат четири пациенти, а на домашно лекување се следат уште двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно четири, а уште тројца се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 52 позитивни и суспектни на КОВИД-19.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk