За три дена 20 нови случаи на ковид-19 во Куманово

11.07.2022 18:00 | Сузана Николиќ

Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 08.07 до 10.07.2022) направени се 1.869 тестови, а регистрирани се 520 нови случаи на ковид-19. 

За три дена 20 нови случаи на ковид-19 во Куманово

По градови во:Скопје – 314, Битола – 35, Тетово – 23, Куманово – 20, Велес - 16, Прилеп, Кавадарци и Штип  – по 15, Охрид – 14, Гостивар – 11, Струмица – 9, Неготино - 6, Кичево и Гевгелија – по 4, Струга, Валандово и Пробиштип – по 3, Крива Паланка, Богданци и Кратово – по 2, Кочани, Ресен, Свети Николе и Дојран – по 1. 

 Регистрирани сe 463 оздравени пациенти од: Скопје – 244, Битола – 40, Куманово – 33, Охрид – 32, Тетово – 19, Велес – 17,  Прилеп и Кавадарци – по 15, Штип – 12, Струмица – 6, Гостивар и Кичево по 5, Делчево – 3, Кочани, Струга, Радовиш, Крива Паланка и Крушево – по 2, Неготино, Свети Николе, Берово, Дебар, Пробиштип, Богданци и  Демир Хисар – по 1. 

 Починати се четири лица: 2 лица од Скопје (67г и 83г) и по едно лице од Охрид (80г) и Тетово (69г), од пријавените починати лицa две се починати во болнички услови, а две во домашни услови. Починатите се пријавени во период од 28.06.2022 до 07.07.2022 

Во Куманово направени се 42 тестови, а активно болни се 87 лица. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk