Во Куманово запален голф на поранешен пратеник на ДУИ

29.12.2016 11:35 | KumanovoNews

Кумановец од одмазда запалил автомобил на поранешен пратеник на ДУИ.

Во Куманово запален голф на поранешен пратеник на ДУИ

Инцидентот се случил вчера по полноќ кога изгорел голфот на М.Џ.(42) од Куманово пред неговата куќа на улицата 11 Октомври бр. 60.

Како што соопштува Кумановската полиција пожарот се случил во 1.40 часот, кога непознато лице со бензин ја полеало хаубата на возилото и ја запалило. Од огнот било зафатено и друго ПМВ марка Пежо сопственост на Е.С. од Куманово.

Сопственикот го пријавил пожарот во полиција, при што бил приведен А.Р.(30) од Куманово. По извршениот разговор било утврдено дека осомничениот го запалил голфот од одмазда затоа што дента се скарал со М.Џ.

Причинета е материјална штета во износ од околу 792.000 денари.

Во тек е изготвување на кривична пријава за сторено КД по член 288 од КЗ на РМ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk