Во Куманово зголемен бројот на заразни заболувања

13.07.2010 13:40 | KumanovoNews

Според лекарите причина за овие заболувања најчесто се вируси и бактерии, загадена храна и вода и нечисти раце. За да се размножуваат бактериите допринесува топлото време и високите температури.

Во Куманово зголемен бројот на заразни заболувања

 На Инфективното одделение во Кумановската болница, зголемен е бројот на пациенти на сите возрасти, кои бараат помош поради цревни заразни заболувања. Според лекарите причина за овие заболувања најчесто се вируси и бактерии, загадена храна и вода и нечисти раце. За да се размножуваат бактериите допринесува топлото време и високите температури.

 Пациентите се со клиничка слика на повраќање, дијареа, зголемена телесна температура и доаѓаат во дехидрирана состојба. Најчесто со средно-тешка клиничка слика,а поретко со потешка клиничка слика за која е потребно и болничко лекување.Пациентите се жалат на болки во стомакот кои се поврзани со заболувањето, а се јавуваат како резултат на бактериските причинители или пак нивните токсини. Терапијата е воглавно симптоматска, а потешките клинички случаи ги рехидрираме со инфузиона терапија или болнички ги третираме- вели примариус д-р Сунчица Јосифова  од Одделението за инфективни болести.

 За да се избегнат ваквите заболувања лекарите препорачуваат, граѓаните да внимаваат на својата хигиена, да пијат многу течности, да консумираат термички обработена и лесна храна, која ќе ја чуваат на соодветна температура во фрижидер. Доколку забележат било какви симптоми треба задолжително да се јават на својот матичен лекар и на Инфективното одделение и да не се лекуваат на своја рака.

Секоја година во летниот период се зголемува бројот на заболени, бидејќи постојат околу 250 различни заболувања кои се предизвикани или се пренесуваат со неисправна храна.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk