Во Куманово живеат 55,8 % Македонци, 25.99 % Албанци, 6,25 % Срби, според пописот

30.03.2022 11:03 | Сузана Николиќ

Во Куманово живеат 55,8 отсто Македонци, 25,99 отсто Албанци,  6,52 отсто Срби,  2,85 отсто Роми,  0,15 отсто Турци ,  0,12 отсто Власи,  0,04 отсто Бошњаци и 0,71 отсто други, 00,2 отсто што не се изјасниле, според резултатите од пописот од 2021 година, кои денеска ги соопшти директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симевски.

Во Куманово живеат 55,8 % Македонци, 25.99 % Албанци, 6,25 % Срби, според пописот

Во Куманово се попишани 98.104 жители, од кои 54.741 се Македонци, 25.593 се Албанци, 6.392 се Срби, 2795 се Роми, 143 се Турци, 117 Власи, 38 Бошњаци. 

Во Општина Куманово има 30.450 домаќинства и 38.147 станови.

Во Македонија се попишани 1.836.713 граѓани, а во дијаспората 260.606, за вкупна бројка од 2.097.319.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk