Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во дворот на Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово беше одбележана 152-та годишнина од раѓањето на македонскиот револуционер.
Пред бистата на Гоце Делчев цвеќе положија делегации од училиштето, локалната самоуправа, советот, здруженија на граѓани, борци, политички партии и граѓани.
„После 152 години стоиме пред неговиот достоинствен лик со голема почит и благодарност зашто се роди, живееше и умре за нас Македонците“, кажа ученичката Лина Ставревска.
Гоце Делчев е идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење.
Георги Николов Делчев е роден на 4 февруари, 1872 во Кукуш, Егејска Македонија како прво машко дете, трето по ред на бројната фамилија Делчеви, која имала вкупно девет деца. Се школувал во Солун и на воената академија во Софија. Како член на ТМОРО, беше наречен апостол на револуцијата. Како голем хуманист, учител и борец, организирајќи ја народноослободителната борба на македонскиот народ, тој ја обиколил цела Македонија.
Останува запаметен по своите мисли:
“Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите”.
Предаден е и убиен 4 мај 1903 во селото Баница. Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk