Во Кумановската полиција повикани функционери на ВМРО-ДПМНЕ поради сомнеж за изборни измами

22.12.2016 10:28 | KumanovoNews

На информативен разговор во СВР Куманово, биле повикани истакнати членови и функционери на  општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, поради сомнеж за подмитување на гласачи.

Во Кумановската полиција повикани функционери на ВМРО-ДПМНЕ поради сомнеж за изборни измами

 Полицијата постапувала по анонимна пријава на граѓанин и по допрен глас дека повиканите на терен нуделе изборен поткуп. За каков поткуп се работи не знаеме.

 Луѓе од партијата потврдија дека во изминатите два дена 7-8 луѓе, истакнати членови и функционери на огранокот во Куманово биле на разговор во полицијата и сметаат дека со тоа се прави психолошки притисок без аргументи.

Под сомнение дека учествувал во изборен поткуп, минатата недела специјалци и обвинители упаднаа во куќата на началникот на кумановската полиција Стојанче Величковиќ и му одзедоа докумети, поради наводна распределба на огревно дрво на социјално загрозени семејства.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk