Во Кумановскиот катастар воведен скен-центар

04.11.2013 14:38 | KumanovoNews

Во Агенцијата за катастра и недвижности Куманово од денеска функционира  електронски скен -центар, преку кој сите документи кои ќе ги поднесуваат граѓаните ќе бидат скенирани и обработувани по електорнски пат.

Во Кумановскиот катастар воведен скен-центар

Ова е една од крупните реформи што Катастарот ја прави се со цел да даде подбрзи услуги на граѓаните, а од друга страна е дел од еден голем процес, кој Агенцијата за катастар и недвижности го започнува. Секој документ што ќе влезе во катастраот ќе биде скениран од шалтерскиот службеник и по електорнски пат ќе биде дистрибуиран до референтот кој што електорнски ќе го обработува предметот. Тоа значи дека целокупната процедура во катастарот ќе се работи по дигитален пат.- изјави Славчо Трпески, директорот на Агенцијата за катастар и недвижности, при денешнатта посета на Куманово.

Според директорот ваквиот начин на работа ќе им ја олесни работата на вработените, а во исто време ќе заштеди време и хартија. Новина ќе биде воведувањето на електронски потпис и целосна дигитализација на архивата на Катастарот од околу 100 милиони страни.

Куманово е прв град каде се воведува ваквиот начин на работа, по две недели на ист принцип ќе започне со работа и во Скопскиот катастар а до крајот на годината во целата земја.

Целиот проектот чини 40 илјади евра, половина од сретствата се обезбедени од Светска банка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk