Во кумановскиот регион се градат над 120 километри патишта, објави Костовски

16.08.2019 11:59 | KumanovoNews

На вкупно 500 километри во државата се работи во овој момент, од кои над 120 километри само во кумановскиот регион, - изјави претседателот на општинската организација на СДСМ Мартин Костовски, на денешната прес конференција во на регионалниот пат Куманово-Свети Николе. 

Во кумановскиот регион се градат над 120 километри патишта, објави Костовски

„Државата  се одолжува на Куманово. Околу 60 милиони евра се инвестираат во патната и комуналната инфраструктура во Куманово. После игнорантскиот однос од 11 години од претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, денес сме сведоци дека Куманово е ставено на врв на приоритети на инвестицискиот план на Владата. Овие регионални патишта околу Куманово никој не ги реконструирал повеќе од 40 години, со реконструкција на патиштата целосно ќе се подобри патната инфраструктура со што ќе се обезбеди побрз и побезбеден транспорт на граѓаните. Рокот за завршување на оваа магистрала е до пролетта 2020-та година, - изјави Костовски.

  Тој додаде дека е се распишани и два тендери за два моста,со вредност од околу 2,5 милиони евра и Куманово во наредниот период ќе остане во главните приоритети на Влада на Република Северна Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk