Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Основен суд Куманово денеска беше одбележан Европскиот ден на граѓанска правда.
По тој повод ученици од гимназиите “Гоце Делчев“ и “Сами Фрашери“ го посетија судот и се запознаа со начинот на кој тој функционира.
“ Учениците прашаа за надлежноста на судот, за некои кривични дела, за условно пуштање од затвор и за амнестија. Имаше судии од сите области, бидејќи Основниот суд Куманово го има граѓанскиот оддел, стопанскиот оддел, прекршочниот оддел и во секој оддел има специјализирани судии. Направивме симулација на судење така што зедовме ученици од средните училишта практично да видат како изгледа едно судење. Беа поставени во својство на судии, поротници, обвинители, бранител, обвинетиот, полномошникот и оштетените, сведоците“ - изјави Муса Сулејмани, претседател на Основен суд Куманово.
Европскиот ден на граѓанска правда е одбележан во градовите низ Македонија и во европските земји.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk