Во Кумановскиот суд продолжува судењето против Зоран Заев

15.12.2016 09:56 | KumanovoNews

Во Основниот суд Куманово денеска подолжува судењето против лидерот на СДСМ Зоран Заев и претседателот на општинската организација Куманово Мартин Коствосвки, по приватна тужба на генералниот секретар на ГРОМ и поранешен висок функционер на СДСМ, Виктор Цветковски, за објавување на прислушуваните разговори во бомбите.

Во Кумановскиот суд продолжува судењето против Зоран Заев

На денешното рочиште своја одбрана треба да дадат Заев, Костовски и Дамјан Манчевски како претставник на СДСМ.

На минатото судење исказ даде оштетениот Цветковски, а беа сослушани сведоците: градоначалникот Зоран Дамјановски, Трајче Трајковски, Зоран Петрушевски и Маја Димиќ, клиентка на Цветковски.

Заев и Костовски се изјаснија дека не се виновни за делото за кое се товарат.

Цветкоски ги тужи високите функционери на СДСМ заради објавување на разговорите меѓу него и поранешната министерка Гордана Јанкуловска каде се договараат за обезбедување гласови на ВМРО-ДПМНЕ меѓу двата круга на локалните избори во 2013 година во Куманово. Тој претходно поднесе тужба до Специјалното јавно овинителство, но му беше отфрлена.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk