Во кумановските основни училишта се запишале 1.047 првачиња

03.07.2023 12:37 | Сузана Николиќ

Во основните училишта во Куманово за учебната 2023/2024 година запишани се 1.047 првачиња. 

Во кумановските основни училишта се запишале 1.047 првачиња

„Од вкупниот број на запишани ученици во прво одделение во основните училишта со објекти на подрачјето на градот запишани се вкупно 737 ученици, а во училиштата во рурално подрачје 310 ученици. Задоволни сме од уписот на првачиња во месец мај и очекуваме дека ќе ја надминеме минатогодишната бројка, бидејќи секоја година има родители кои ги запишуваат децата пред почеток на учебната година“, вели раководителот на Секторот за образование Александар Јовановиќ.

Во општина Куманово има 16 основни училишта. Минатата година во училиштата во прво одделение се запишале 1.070 ученици

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk