Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во кумановско ноќеска наврнаа 12 литри дожд на метар квадратен.
Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека само во Скопје ноќеска наврнале 13 литри дожд на квадрат, а во другите градови врнежите биле многу послаби.
- Денеска и утре времето ќе биде променливо, нестабилно со врнежи, грмежи, ветер, а во некои делови и појава на град. Во четврток во претпладневните часови времето ќе биде сончево што не значи дека ќе имаме целосна стабилизација, бидејќи во западните делови попладне ќе има дожд. Од четврток се очекува зголемување на температурите - рече Костадинка Арсовска, дежурен синоптичар во УХМР.
Температурите деновиве ќе се движат од 26 до 33 Целзиусови степени.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk