Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од Регионалниот центар за управување со кризи, соопштуваат дека во општина Куманово сите улици и патишта се проодни, а интензивно се работи на чистење на тротоарите.
Сообраќајот се одвива во зимски услови, во одредени делови отежнато, по влажни и делумно подмрзнати коловози, со остатоци од подледен снег.
Сите патни правци кон селата вклучителни и земјените-макадамски патишта се прочистени и проодни, а од страна на претпријатијата задолжени за одржување во двете зони, во моментот се врши утврдување каде е потребно да се дејствува.
ЈП „Чистота и зелнило„ денеска ќе чисти дел од тротоарите и малите локални улички, кои се сеуште се под заледен снег, но чистењето во одредени делови се одвива отежнато, поради неможноста механизацијата да влезе во уличките.
Во општината Липково делумно проодни се патиштата кон планинските села: Гошинце, Лукаре, Руница, Брест и Белановце, сообраќајот се одвива со теренски возила и зимска опрема. Денеска се расчистува патниот правец во с.Речица-Ваксинце каде на некои места има заледен снег и се очекува во текот на утрешниот ден истиот да се расчисти.
Во општина Старо Нагоричане сите локални патишта се проодни.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk