Во кумановско се родиле повеќе машки бебиња

19.06.2014 09:55 | KumanovoNews

Во Куманово, Липково и Старо Нагоричане лани се родиле повеќе машки бебиња, отколку женски, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во кумановско се родиле повеќе машки бебиња

Во  Куманово, на свет дошле 1278 живородени деца, од кои  671 се машки, а 607 женски.

Во Липково од вкупно 398 новороденчиња, 212 се машки, а 186 женски.

Во Старо Нагоричане се родиле 40 деца од кои 21 се момчиња , а 19 девојчиња.

Од нив во Куманово 199 се вонбрачни деца, во Липково 88, а во Старо Нагоричане само 5 се родени како вонбрачни.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk