Во Липково се отвора Здравствен дом

09.06.2012 12:24 | KumanovoNews

Здравствениот дом  ќе го опслужуваат пет здравствени работници, а во него ќе има и ноќна амбуланта.

Во Липково се отвора Здравствен дом

Утре во селото Липково ќе се отвори Здравствен дом. Во него ќе работат двајца лекари и три медицински сестри, а назначен е директор на новата установа. Покрај ординација по општа медицина ќе има и стоматолошка ординација, како и ноќна служба.

Здравствениот дом го отвара Министерството за здравство.

Во Липково живејат 27.000 жители. Повеќето села од оваа општина имаат амбуланти со матични лекари, но немаше амбуланта од јавното здравство.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk