Бадник ќе се слави за првпат и во манастирот Карпино

05.01.2025 09:31 | Сузана Николиќ

Црковниот одбор на манастирот и Здружението на граѓани „Карпино“, утре ќе организираат прослава на Бадник, во манастирот Карпино, во селото Сув Ора. 

Бадник ќе се слави за првпат и во манастирот Карпино

„Здружението „Карпино“ утре ќе организира сечење на бадникови гранчиња. Но, за првпат по повод Бадник, во црквата ќе се одржи литургија и гранчињата ќе бидат осветени, а потоа  ќе се крши лепче со паричка и ќе се послужи манастирски ручек за сите гости. Сите заинтересирани кои сакаат да дојдат на прославата можат да се пријават на тел. број 071/ 309-141 и организирано да заминеме. Ве очекуваме што поголем број, за да започнеме една убава традиција која ќе ја продолжиме и во наредните години“, вели Трајче Димитриевски, организатор на прославата.

Здружението за заштита на „Карпино“, со години наназад посветено работи на враќање на духовниот живот во манастирот, како и обнова на конаците.

Претседателот Димитриевски вели дека нивната идеја е манастирот и да се стави на мапата на турустички дестинации во регинот, да се популаризира неговата вредност и да му се врати местото кое го заслужува.  Истовремено  да се обноват старите обичаи и да се приближи традицијата до младите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk