Во Мозаик младински центар бесплатни курсеви и семинари

30.06.2015 08:37 | KumanovoNews

Во Мозаик младински центар лоциран под Соколански парк, младите можат да посетуваат бесплатни курсеви, семинари и да учествуваат на креативни игри.

Во Мозаик младински центар бесплатни курсеви и семинари

Од Ромски младински центар информираат дека има часови по гитара, курсеви по англиски, француски, германски, португалски јазик, хип - хоп работилници, информатичка технологија и многу други активности.

“Младите креативно ќе си го исполнат времето, со неформално учење, неформално образование, интеркултурно учење. Имаме волонтери од Португалија, Франција, Германија, кои тука ќе бидат десет месеци и тие ги организираат активностите“ - велат од Мозиак младински центар.

Сите заинтересирани можат да дојдат во нивните простории, на улица “Народна револуција“ спроти “Моша мел“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk