Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Мостот над реката Пчиња кај селото Доброшане во наредните 100 дена ќе биде затворен за сообраќај заради санациски работи, што ги изведува што ќе ги изведува компанијата Синтек Инженеринг ДООЕЛ.
Како што информираат од АМСМ, поставена е сигнализација која ќе го регулира сообраќајот од и кон Куманово.
Санацијата на мостот започна минатата година, а рокот за завршување на целата интервенција е 24 месеци од воведот во работа, односно до јуни 2022 година. Надлежните се надеваат дека таа ќе заврши предвреме, со што ќе се овозможи безбеден премин по мостот на учесниците во сообраќајот на овој патен правец.
За реконструкцијата на овој мост, кој се смета за еден од најдолгите во државата со должина од 335 метри, Јавното претпријатие за државни патишта има одделено 117.462.949,00 денари или околу 2 милиони евра.
Мостот е изграден пред 50 години и оттогаш не е поправан ниту реконструиран, па поради тоа се ноѓаше во очајна состојба.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk