Во населбата Карпош загина 73-годишен пешак

08.12.2018 12:02 | KumanovoNews

Д.В.(73) од Куманово загина во тешка сообраќајната несреќа што вчера во 16.50 часот, се случи на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, во населбата Карпош.

Во населбата Карпош загина 73-годишен пешак

Од МВР информираат, дека пешакот бил прегазен од патничко моторно возило „Тојота јарис“ со скопски регистерски таблици, управувано од Л.С.(45) од Скопје. Старецот починал на лице место. Извршен е увид од страна на јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Куманово. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Институтот за судска медицина на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.                                         

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk