Во нашиот регион 1729 родители земале додаток за трето дете

19.12.2015 14:03 | KumanovoNews

 Во североисточниот регион лани 1729 родители земале надомест за трето дете, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во нашиот регион 1729 родители земале додаток за трето дете

Од нив 1725 се мајки, а додаток за трето дете земале и четворица татковци. За четврто дете надомест во регионот земале 93 родители, односно 91 мајка и двајца татковци. Најмногу средства за родено трето и четврто дете земаат луѓето од скопскиот и полошкиот регион од земјава, а најмалку во источниот регион, стои во соопштението од Државниот завод за статистика.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk