Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Градскиот плоштад во Куманово, во недела ќе се одржи изложба на олдтајмер возила од Македонија и регионот.
Организатор е клубот „Олдтајмер витези“, во соработка со „Дај каст клуб Куманово“, клуб на љубители на минијатурни модели на автомобили.
„Да го најавиме летото и убавото време, како создадено за изложба, но и возење и уживање во нашите олдатајмери. Ќе има и изложба на колекционерски модели на автомобили на членови на клубот „Дај каст“. Ги покануваме кумановци на убава дружба, муабет, изнуда на насмевки и сеќавања“, објасни Стефан Трендафиловиќ, претседател на „Олдтајмер витези“.
Истовремено ќе има изложба и на минијатурни модели на автомобили во различен размер: 1/64, 1/43, 1/32, 1/24 и 1/18, што се идентични реплики на автомобили во соодветен размер. Токму деталната изработка на овие мали модели се посебно интересни за најмалите и вљубениците во автомобили.
Изложбата ќе трае од 11 до 15 часот. Општина Куманово за ова намена издвојува 15.000 денари поддршка на клубот „Олдтајмер витези“.
Според најавите се очекува изложбата да се повтори по повод празникот „11 Октомври“.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk