Од недела ќе започне со работа отворениот градски базен во Куманово

13.06.2024 12:15 | Оливера Пешевска

Отворениот градски базен во Куманово се очекува да започне со работа викендов, откако ќе се заврши редовното годишно чистење и средување.

Од недела ќе започне со работа отворениот градски базен во Куманово

„Се чистеше самиот базен и неговата околина, цевките, водните пумпи, одводот. Се вршат и поправки онаму каде што има потреба, се работи се она што е потребо за да ги дочекаме корисниците на 15 јуни, за кога е планирано да започне сезоната“, истакна Сашо Петрушевски, директор на ЈП „Куманово паркинг“ кој стопанисува со објектот.

Во правилникот за користење на базенот е нагласено дека е дозволен пристап само на лица (капачи) кои знаат да пливаат на лична одговорност, на посетители со отворени и инфицирани видливи рани или инфективна кожна болест, нема да биде дозволен влез во базенот. Во пропишаните услови за користење стои и дека сите посетители се должни да ги почитуваат и следат сите хигиенски и безбедносни прописи.

Цената на еднодневен билет по лице е иста ккао и минатата година- 150 денари.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk