Во недела меморијален турнир во одбојка

03.06.2016 08:53 | KumanovoNews

Во недела во спортската сала „Перо Наков“, ќе се одржи 4‐тиот меморијален турнир во одбојка, во чест на прерано почината членка на ОК Куманово, Теодора Цветковска.

Во недела меморијален турнир во одбојка

„Особена чест и задоволство ни е што оваа година на нашиот повик се одзваа во моментот 2 најдобри екипи во младинска категорија во Македонија – шампионот во категоријата младинки ОК Универзитет„Гоце Делчев“ и второпласираната екипа во младинска категорија и овогодишен шампион во Сениорска државна лига за жени ОК Јанта Волеј од Скопје, - соопштуваат организаторите.

Распоредот на активности е следниот: 10:00 – 10:30 пристигнување на екипите, 10:45 – Отворање на турнирот,11:00 – натпревар 1 – ОК Куманово – ОК Јанта Волеј Скопје, 12:15 – натпревар 2 – ОК Јанта Волеј Скопје – ОК Универзитет Гоце Делчев Штип.13:30 – натпревар 3 – ОК Куманово – ОК Универзитет Гоце Делчев Штип.

По договор со екипите натпреварите ќе се играат во 2 сета.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk