Во недела почнува летното сметање на времето

24.03.2015 10:32 | KumanovoNews

Во недела стартува летното сметање на времето, така што во 2 часот по полноќ, стрелките на часовникот ќе се помрднат за еден час напред.

Во недела почнува летното сметање на времето

Таа ноќ ќе имаме еден час помалку за спиење. Во Македонија, како дел од СФРЈ, летното сметање на времето се користи од 1983 година, а од 1996 година е регулирано со Закон за сметање на времето. Овој систем е предложен во 1905 година од Вилијам Вилет, а првпат бил широко применет во 1916 година како военовременска мерка насочена кон заштеда на јаглен. И покрај несогласувањата, многу земји го користат овој систем.

Денес во Европа е прифатена конвенцијата летното сметање на времето да започнува во последната недела од март, а да завршува во последната недела на октомври.

Во САД летното сметање започнува во втората недела на март, а завршува во првата недела на ноември. На јужната полутопка почетокот на летното време е обратен од северната.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk