Во недела стартува зимското сметање на времето

22.10.2014 08:32 | KumanovoNews

Во сабота спроти недела стрелките на часовникот ќе треба да се поместат за еден час назад, со што ќе почне зимското сметање на времето.

Во недела стартува зимското сметање на времето

Така три часот по полноќ ќе се смета како два часот. Зимското сметање на времето почнува последиот викенд во октомври и трае до последниот викенд во месец март. Промените во сметањето на времето се прават во сабота и недела за да не се предизвикаат поголеми проблеми за вработените.

Преминувањето на летно и зимско време прв пат е забележано во 1916 година во земјите на северна Европа, а досега воведено е во околу 70 земји. Русија го укина зимското сметање на времето во 2011 година, а Исланд е единствената европска земја, која не го воведува зимското и летното сметање на времето.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk