Во недела влажен бран од Медитеранот

20.02.2015 13:35 | KumanovoNews

Влажен бран од Медитеранот во недела ќе ја зафати Македонија и ќе донесе локални поинтензивни врнежи од дожд и засилен југоисточен ветер.

Во недела влажен бран од Медитеранот

“Времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, на повисоките места кон  крајот на денот и во ноќта кон понеделник врнежите од дожд ќе поминат во  снег. Пообилни врнежите ќе бидат во западните и јужните делови каде  локално се очекува да наврнат над 20л/м2 воден талог, а на планините снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува умерен повремено засилен ветер  од југоисточен правец. Во понеделник во текот на денот врнежите постепено ќе престануваат“ - стои во соопштението од УХМР.

И во наредните денови ќе продолжи период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk