Во Отља откриени насади со Канабис

28.07.2010 14:41 | KumanovoNews

Четиристотини стебла марихуана запленила полицијата  сабајлево во домот на И.З.(43) од селото Отља, Липковско. Тој одгледувал  Канабис Сатива во дворот, а  во куќата го сушел и пакувал.

Во Отља откриени насади со Канабис

 По налог за претрес од Основниот суд Куманово во дворното место биле пронајдени и подигнати 395 растенија од непознато потекло и рефус непозната растителна материја сместена во количка, додека во потпокривот од куќата се пронајдени две најлонски кеси со исушена непозната растителна материја, други спремни за сушење, како и една дигитална  и  рачна вага.

Под сомнение дека пронајдените насади потекнуваат од растителниот род Канабис Сатива истите се подигнати од местото на настанот односно искорнати од земја и предадени на вештачење во Крим техника при МВР.

И.З. е приведен во СВР Куманово и се работи на расчистување и документирање на случајот и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Ова е втор случај годинава во реонот на село Отља да се откријат насади од Канабис. Пред неколку месеци на државно земјиште беа соберени и уништени околу триста стебла од растението. До сега полицијата нема сознание за тоа, дали некој го одгледувал и дали дрогата одела во продажба.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk