Во Пелинце и Длабочица бесплатно запишување на земјиштето

05.05.2016 14:51 | KumanovoNews

Бесплатно запишување на правото на сопственост за катастарските општини Пелинце и Длабочица ќе врши Одделение за катастар на недвижности во Куманово.

Во Пелинце и Длабочица бесплатно запишување на земјиштето

Овој проект се однесува на руралните средини, а целта е секоја парцела да биде со утврдена сопственост.Раководителот на одделението за катастар и недвижности Дејан Јовановски, ги повика жителите кои поседуваат имот во овие две села да поднесат барање за бесплатно запишување на правата на сопственост.

Ги повикувам сите граѓани кои имаат незапишано право на сопственост, кои при систематското запишување на правата, не ги поднеле пријавите или не знаеле, не биле присутни во државата, да поднесат барање до нашето шалтерско одделение. Нашите екипи ќе извршат увид на лице место на терен, ќе се направи геодетски елаборат и бесплатно ќе им се запишат правата, рече Јовановски.

Во овие две места, процентот на неутврдени права на сопственост е поголем од 20 проценти, додека во кумановско овој процент е понизок.

Минатата година со проектот беа опфатени и селата, Малотино, Кокино, Брешко, Дејловце, Аљинце, Сопот, Алешевце, Бељаковце, Цвиланце и Бајловце.

Во Македонија има вкупно 4.047.000 кататарски парцели од кои 9,9 проценти се со неутврдени права на сопственост. Проектот ќе трае до крајот на годината.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk