Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во населбата „Перо Чичо“, синоќа беше пуштено во употреба детското игралиште, второ од вкупно 15 кои се градат од донации на членовите на извршниот одбор на општинската организација на СДСМ Куманово.
Игралиштето се наоѓа во дворот на основното училиште „Христијан Карпош“, а освен учениците ќе го користат и дечињата од населбата.
„Ги повикувам дечињата масовно да го користат игралиштето, бидејќи тоа е изградено за нив. Ова е второ од 15 игралишта и претставува позитивен пример за општествено одговорно однесување на оние кои што го сакаат градот. Самата посетеност го покажува дека е неопходност поголем број на вакви детски катчиња“, - изјави претседателот на општинската организација на СДСМ, Мартин Костовски.
Тој ги повика политичките опоненти од ВМРО-ДПМНЕ да го следат нивниот пример и наместо да се критикуваат да ги здружат силите и да изградат уште 15 вакви игралишта.
Костовски најави дека за неколку дена ќе го пуштат третото игралиште во нас. Гоце Делче, а потоа во Иго Тручковиќ, како и селата Тромеѓа и Режановце.
Директорката на основното училиште „Христијан Карпош“, Лидија Костиќ, се заблагодари за донацијата, и истакна дека ваков простор е неоходен за помалите ученици, кои на одморите ќе се дружат и рекреираат тука.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk